x

Балотели си купил Харли, а не смеел да го вози – не знаел за правилото во Сити!

Летото 2011 година проблематичниот италијански фудбалер Марио Балотели играше за Манчестер Сити под водство на Роберто Манчини. „Супер Марио“ имаше многубројни испади во периодот кога беше во Англија, а медиумите едвај чекаа некоја негова глупост за ударна вест.

Тоа лето Балотели си купи нов мотор „Харли Дејвидсон“. Се израдува како мало дете на играчка. Но постоеше еден проблем. Не смееше да го вози. Осигурителната полиса која ги покрива фудбалерите на Сити забранува да возат мотор, затоа што е преголем ризикот за повреди. А знаејќи го Балотели големи се шансите да се случи незгода, затоа што е лош возач. Италијанскиот фудбалер претходно искрши „Аudi R8“. Само неколку месеци подоцна Балотели го искрши и своето „Бентли“ кога удрил во Опел Корса во Манчестер.

Па така Марио морал да чека да го напушти Сити за да може да го вози скапоцениот мотор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата