x

Балотели (не) изненади со изборот на неговиот идеален тим и со најдобриот играч

Марио Балотели стави неколку невобичаени имиња во неговиот избор во тимот на сите времиња. Тој го одбра и Роналдо и Меси, но во нападот заедно со нив го стави и Касано.

Исто така шокираше и со изборот на Максвел како дефанзивец.

Тимот на Балотели на сите времиња изгледа вака: Жулио Цезар, Мајкон, Канаваро, Неста, Максвел, Пирло, Џерард, Јаја Туре, Касано, Меси, Роналдо.

Анри го натера Балотели да каже кој играч според него е најдобар.

„Тешко ми е да изберам еден човек, но кога би морал, тогаш би го одбрал Карлос Тевез. Тој ме изненади најмногу. Не беше само напаѓач, туку играше и одбрана“, рече Балотели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата