x

Балотели влезе во „Големиот брат“ и нормално направи глупост (видео)

225754760-a7d38dc3-e726-4d64-9639-653478554b8a

Некогаш големиот напаѓач, а сега метата за голем потсмев, Марио Балотели направи уште една глупост со која светот само уште еднаш се увери дека во него нема ниту грам самокритичност, совест ниту помисла дека можеби прави нешто лошо.

Некогаш големиот талент и фудбалски потенцијал, откако беше избркан од Бреша, не пронајде нов ангажман, па во меѓувреме реши да биде гостин во реалното шоу Големиот брат, Италијанската верзија. Нормално, таму кој од кој што се вели, а меѓу другото и Дајан Мело, старлета која тврдеше дека била во врска со Балотели. При едно од прашањата, упатени кој Марио на оваа тема, Марио одговори со „да, меѓутоа и таа рече престани зошто ме боли“. На истиот начин МАрио Балотели одговори на сведочењето во Франција додека играше за Ница, кога беше обвинет од страна на една тамошна девојка за силување, за што не беше осуден поради немање докази.

Со ова Марио Балотели уште еднаш покажа колку всушност не научи ништо од грешките кои ги направи во животот и колку глупостите кои ги редеше како на филм го доведоа да биде дел од Големиот брат, а не од Интер, Манчестер Сити или пак некој друг Европски фудбалски гигант каде што некогаш настапуваше.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата