„Да, го направив тоа на влезот во трговски центар во Винковци. Не беше со лоша намера. ниту да се ругам со верата затоа што сум верник“; напишал на својот Фејсбук-профил Дамир Јакшиќ, главниот лик од видеото во продолжение. 

Инаку, во видеото се гледа како човекот доаѓа до средството за дезинфекција поставено на влезот, нанесува од него на рацете, а потоа се прекрстува и клекнува, па влегува во продавницата. 

„Дали тоа беше некаква носталгија за црквата и одењето на миса или некаква божја волја или некаков знак проценете сами“, додал Јакшиќ.