x

Балдовалиев си замина од Крит!

Зоран Балдовалиев по само шест месеци минати во АО Гиухтас не е повеќе фудбалер на четвртолигашот од Крит-Грција. Тоа значи дека искусниот напаѓач, кој има 36 години, сега како слободен играч може да си побара нова клупска средина. Дали тоа ќе биде некој наш клуб, или одново некој грчки нисколигаш допрва ќе видиме.

Инаку Балдовалиев беше член на златната генерација на Беласица, во кој играа и Панде, Стојков, браќата Попови…

Да споменеме дека пред две години, кога Беласица се бореше за влез во елитата, Балдовалиев беше убедливо прв стрелец во Втората лига – Исток.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата