Поголемиот дел од шпанските медиуми се убедени дека е прашање само на време, кога раководните лица на Реал (М) ќе ја прекинат соработката со најголемата ѕвезда на “Сантијаго Бернабеу”, Кристијано Роналдо.

Португалскиот интернационалец има договор со “кралскиот клуб” до 30. Јуни 2018 година, но челниците на шпанскиот гигант планираат сериозна реконструкција на тимот за време на летниот преоден рок. Медиумите кои важат за поблиски до Реал (М) открија дека во новиот тим ќе нема место за Кристијано Роналдо.

На прв погледа, моментално најдобриот втор фудбалер на денешницата, не би требало да има некаков проблем кога е во прашање потрагата по нов клуб.

Челниците на Реал (М) се подготвени да ја намалат цената за обештетувањето на репрезентативецот на Португалија, дури на 60 милиони евра. Има неколку клубови кои се сериозно заинтересирани за услугите на Роналдо и кои се подготвени да ја исплатат побараната парична сума. Сепак, главниот проблем на тие клубови е годишната плата и фактот дека Роналдо е моментално најскапо платен фудбалер.

Роналдо е во страв дека никој нема да го купи за време на летниот преоден рок. Во страв е затоа што е многу скап, а веќе има повеќе од 30 години, изјави коментаторот на “Скај Спорт”, Гиљермо Балагуе, кој е добро упатен во случувањата на “Сантијаго Бернабеу”.

И покрај ваквата паника која постои кај Роналдо, ѕвездата на Реал (М) сигурно ќе добие примамливи понуди од раководните лица на Манчестер Јунајтед и на ПСЖ, кои сигурно ќе му понудат идентична или приближно иста плата каква што моментално заработува во дресот на “кралскиот клуб”.