x

Баер (Л) не отстапува: Хаверц чини 100 милиони евра и точка!

havertz-bayer-l

Германските медиуми демантираат дека Каи Хаверц е близу до трансфер во Челзи, само заради тоа што Баер (Л) не отстапува од своето барање – 100 милиони евра за младиот фудбалер.

Според информација на германски СПОРТ 1, точно е дека Челзи „врти“ околу Хаверц, но засега не сака да ја плати бараната сума за него. 21-годишниот фудбалер, кој сè уште има договор со „фармацевтите“ до 2022 година е интересен за повеќе англиски тимови, но неговата цена е пречка за трансфер.

Една отстапка која Баер (Л) би можел да ја направи кон Челзи ако и натаму продолжи нивното инсистирање да го купат Хаверц, е да платат 70 милиони веднаш, а останатите 30 милиони во втората година од договорот. Челзи, пак, сака тие 30 милиони да бидат условни како бонуси во договорот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата