x

Баерн потврди: Има нов голман

Баерн Минхен официјално потврди дека младиот голман Александар Нубел потпиша договор со клубот.

Нубел во моментов е голман на Шалке, но одлучи да не го продолжи договорот со клубот, кој истекува на крајот на сезоната, а потоа добил понуда од Баерн која не можел да ја одбие.

Чуварот на мрежата ќе му се приклучи на клубот на лето како слободен агент, а со баварскиот клуб потпиша договор на пет години.

Нубел ќе биде голема конкуренција на Мануел Нојер, 34-годишниот голман со кој Баерн преговара во моментов за продолжување на соработката, но работите не се движат во посакувана насока.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата