x

Баерн Минхен го договори толку посакуваното засилување

odoi-e1584082827942

Веќе неколку месеци трае „сагата“ околу преминот на Калум Хадсон-Одои во Баерн Минхен. Играчот на Челзи и во изминатите два преодни рока се поврзуваше со одење во Германија. Меѓутоа засега тој останува дел од Челзи.

Но, од Баерн Минхен со нова офанзива кон Хадсон-Одои, и се чини во следните неколку дена работата ќе биде завршена. Добро е тоа што овој англиски играч може да игра на неколку позиции, а главно му е крилен напаѓач.

Со евентуалното доаѓање на Хадсон-Одои, Баерн ќе го заврши прашањето околу крилната позиција, и ќе се насочи кон барање на играч од средниот ред, како замена за Алкантара.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата