x

Баерн Минхен го доведува францускиот дефанзивен талент

Тимот на Баерн Минхен не се шегува. Вчера освои титула во домашниот шампионат, а денеска веќе договоара трансфер на квалитетен млад играч во своите редови.

Се работи за францускиот интернационалец и досегашен член на тимот на ПСЖ, Танжи Куаси, кој во моментов има 18. години.

Стоперот е голема перспектива на францускиот фудбал, има одиграно голем број на мечеви за младинските селекции за својата земја, а сезонава одигра и 13 мечеви во домашниот шампионат.

Неговиот договор со ПСЖ завршува летово, не се договори за нова соработка, и тука настапуваат „Баварците“. Го носат во своите редови планираат да му дадат шанза на робусниот стопер и да го направат класа каква што се грото од играчите кои се дел од Баерн Минхен.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата