Поранешниот фудбалер на Баерн (М) и на Јувентус, Хасан Салихамиџиќ, откри дека со нетрпение го очекува стартот на првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампиони помеѓу актуелните шампион на Италија и Германија и додаде дека улогата на благ фаворит му ја доделува на баварскиот гигант.

Се радувам на натпреварот меѓу Баерн и Јувентус. Очекувам вистински спектакл и во Торино и во Минхен. Ова за мене е далеку најдобрата пресметка во осминафиналето. Според мене Баерн е благ фаворит, но сигурен сум дека Јуве има, и тоа како, свои шанси. Јувентус е како религија. Во Италија добро се знае: Јувентус или го сакате, или го мразите – нема средина. Ми беше задоволство да играм во Торино четири години. Играв период кога му беше најтешко на клубот и го тресеше аферата ‘Калчополи’. Таа 2007 година поставивме темели за денешните успеси и мило ми е што Јувентус денеска е апсолутен владете во италијанскиот фудбал и еден од најсериозните кандидати за освојување и на Лигата на шампионите. Иако, мислам дека Барселона и Реал Мадрид се најголемите фаворити за титулата шампион на Европа, изјави поранешниот репрезентативец на БиХ.