x

Баерн „грабна“ уште еден талент на Хофенхајм

Германскиот шампион Баерн Минхен ги собира надежните фудбалери на германскиот фудбал. Денеска најтрофејниот објави дека нов член е 17-годишното десно крило Мамин Санјанг. Овој играч досега беше член на младинските екипи на Хофенхајм, а сезонава во 21 настап реализира 13 голови. Тој стави потпис на тригодишен договор и се сели во тимот на Баерн до 19 години.

Мамин е брз како стрела, а е опасен крилен фудбалер. Го гледаме како одлично засилување за младинската екипа и ќе има можност да се развива како фудбалер. Задоволен сум што ќе игра за Баерн“, вели еден од тренерите на младинците Јошен Заер.

Санјанг има потекло од Гамбија, а во Баерн доаѓа како слободен играч затоа што му истече договорот со Хофенхајм.

На почетокот на мај Баерн му „украде“ уште еден талент на Хофенхајм, германскиот јуниорски репрезентативец Арминдо Зиеб кој сезонава настапуваше за У17 тимот од Зинсхајм.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата