x

Баерн во финишот се спаси од Волфсбург

Во последното бундеслигашко коло за 2019 година, Баерн Минхен со многу проблеми и дури во финишот на мечот успеја да го победи Волфсбург 2:0. Џошуа во 85. минута, односно Гнабри во 89-та беа оние кои им донесоа победа на баварците во дербито на колото.

Една од најинтересните средби беше онаа меѓу Шалке 04 и Фрајбург (2:2). Домашните имаа предност од 1:0 на полувремето со голот на Сердар (26 минута), Фрајбург се избори за пресврт во продолжението по двата прецизни удари на Петерсен (54 минута) и Грифо (67. минута) од белата точка. Конечниот резултат го постави Кутику, кој погоди во 80. минута.

На останатите средби Лајпциг со пресврт славеше над Аугсбург, 3:1, Баерн Леверкузен со 1:0 славеше против Мајнц, додека со истиот резултат Келн го победа Вердер Бремен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата