x

Баерн во мисија да го купи Закарија од Борусија (М)

zakaria

Играчот за врска на Борусија Менхенгладбах,  Денис Закарија најверојатно ќе биде ново засилување за европскиот шампион Баерн (М). Фудбалерот падна во „радарот“ на првите луѓе на клубот, кои според информација на „Скај Спорт Германија“ веќе почнале преговори со неговиот агент.

Во исто време, јасно е дека трансфер на Закарија во Баерн оваа зима е скоро невозможен, затоа што 23-годишниот фудбалер продолжува да се опоравува од повредата на коленото. Тој се уште нема одиграно меч оваа сезона во Бундеслигата, па Баерн нема да ризикува со негово купување во јануари.

Трансферот с еподготвува за следното лето. За Закарија заинтересиран е и Манчестер Сити.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата