Исламската држава настанала во кампот за терористи Бука во Ирак буквално пред очите на американските чувари и ирачките власти.

Тоа го вели Абу Ахмед, високорангиран офицер на ИД за британскиот весник “Гардијан”.

Тој пред десет години бил затвореник во кампот Бука, озлогласениот воен затвор за терористи во Ирак под контрола на американската војска.

Ахмед опишува како сегашниот лидер на ИД, Ал Багдади ја креирал терористичката мрежа користејќи ја инфраструктурата на Американците за време на заробеништвото.

Тој вели дека кампот Бука буквално е колевката од која се роди Исламската држава која е досега најмоќната терористичка организација во светот.

-На ниедно друго место во светот не можевме да бидеме сите заедно на едно место, ни во Багдад немаше да можеме така да се организираме. Ќе беше премногу опасно. Во кампот не само што бевме безбедни, туку бевме на стотина метри од целиот врв на Ал каеда”, вели Ахмед.

Тогаш младиот Абу Ахмед бил „кален” уште од раното детство и под окупацијата на САД брзо научил да се бори.

Неговата рана улога во она што подоцна ќе стане Исламска држава му ја обезбедило сега високата позиција во „разбудениот бунт”, кој се прелеа преку границата и стигна до Сирија.

Тој набрзо по доаѓањето во затворот го запознал и сегашниот лидер на ИС, Абу Бакр ал Багдади за кого вели дека меѓу заробениците имал репутација на таинствен човек до кого не било лесно да се пријде, додека чуварите го гледале сосема поинаку, како фигура со влијание, која може да доведе до помирување во таа заедница.

-Тоа беше дел од неговата игра. Секогаш ми изгледаше како нешто да крие од надворешниот свет, темнина што не сакаше да ја сподели со другите. Беше сосема поинаков од другите лидери, со кои многу полесно се соработуваше. Секогаш беше на дистанца од сите други, објаснувал Ахмед.
Багдади бил уапсен во 2004 година, кога имал 33 години и кога предводел една милитантна група.

Весникот пишува дека Американците многу добро знаеле кого имаат во рацете, но повеќето од 24.000-те затвореници не знаеле кој всушност е тој и за што е способен.

-Беше тивок, харизматичен. Имавме чувство дека е некој важен, но имаше и такви што во тој момент беа поважни. Искрено, не мислев дека ќе дотурка олку далеку, вели Ахмед.

Тој во интервјуто говорел опишува една чудна ситуација. Според него, Американците на Багдади гледале како на човек кој знае како да ги реши проблемите објаснувајќи дека кога и да се случело нешто во затворот, тој бил во центарот на проблемот.

-Сакаше да биде главен во кампот и успешно ја користеше тактиката “раздели па владеј#. Го почитуваа американските војници, имаше бенефиции, ако сакаше да се движи во различни делови од кампот, му беше дозволено. А сето тоа време тој ја спроведуваше својата стратегија пред нивниот нос ја градеше Исламска држава. Да немаше американски затвори во Ирак, сега ИС немаше да постои. Бука беше фабрика, тој не создаде, ја создаде нашата идеологија”, вели џихадистот.

Тој говори и за камповите велејќи дека тие буквално биле центри за радикализација.

-Имавме време да планираме се. Тоа беше совршена средина. Се договоривме да се собереме кога ќе излеземе, а рецептот беше едноставен, сите податоци ги пишувавме на ластиците од гаќите. Кога излеговме, се поврзавме. Сите што беа важни ми беа запишани на гаќите – телефонски броеви, имиња на села, локации. До 2009 многумина од нас го правеа она поради што бевме уапсени. Но сега бевме подобри”, кажува Ахмед.

Пентагон денес го брани постоењето на кампот, а Абу Ахмед и понатаму е активен член на ИС и учествува во операциите во Ирак и Сирија.

-Влегувањето беше мојата најголема грешка, а доколку излезам, сигурно ќе ми го убијат целото семејство. Не дека не верувам во џихадот, верувам, но и немам друга опција. Ако си отидам, мртов сум”, објаснува џихадистот. .

На крајот на разговорот за “Гардијан# тој истакнал дека Исламска држава денес е поголема од кој било поединец и дека она што се случило во Бука не може ни да се избрише ни да се смени.

-Има многумина што не се идеолози, како јас. По Бука се стана многу поголемо, ова не може да се сопре, ова не го контролира еден човек, ни Багдади, ниту пак кој било друг од лидерите, раскажувал Ахмед.