Најтрофејниот германски фудбалски клуб Баерн (М) со победа го почна пролетниот дел во Бундес лигата. Избраниците на Отмар Хицфелд во Росток демонстрираа дека сериозно ќе атакуваат на шампионската титула, откако заслужено со 2:1 славеа над Ханза.

– Долга пауза. Не сум навикнат на ваков ритам. Во Франција нема пауза. Како и да е, јас сум задоволен од мојата игра и од постигнатиот погодок. Моравме порано да го решиме натпреварот. Стравувавме за победата. Ова не смее да се повтори на наредните дуели ако сакаме да ја освоиме титулата и да играме директно во Лигата на шампиони, изјави францускиот интернационалец во Баерн (М), Франк Рибери.

Три бода во Котбус, освои и германскиот претставник во Купот на УЕФА, Баер (Л). Македонскиот репрезентативец Игор Митрески ги одигра сите 90 минути за Енерџи.

– Одигравме машки и заслужено славевме. Нема да ја коментирам судиската одлука, бидејќи арбитарот најдобро знае дали мало пенал. Да бидеме реални и да признаеме дека нашето место е во квалификациите од Лигата на шампиони, изјави капитенот на “фармацевтите”, Бернд Шнајдер.

Резултати: Енерџи Котбус – Баер (Л) 2:3 (Пападопулос 15′, Базила 78′ – Ролфс 59′, 86′ пен, Буликин 70′), Карлсруе – Нирнберг 2:0 (Ајхнер 66′, Кенеди 74′), Дуизбург – Борусија (Д) 3:3 (Филипеску 18′, Вили 30′, Тарараче 59′ пен – Кел 51′, Климовиц 68′, 90′), Хамбургер – Хановер 1:1 (Олиќ 70′ – Хусти 40′ пен), Херта – Ајнтрахт Ф. 0:3 (Фенин 39′, 60′, 90′), Арминија – Волфсбург 0:1 (Графите 27′), Ханза -Баерн М. 1:2 (Керн 52′ – Рибери 11′, Тони 43′).

БУНДЕС ЛИГА

1. Баерн (М) 18 11 6 1 33:9 39
2. Вердер 17 11 3 3 42:24 36
3. Баерн (Л) 18 10 3 5 35:18 33
4. Хамбургер 18 9 6 3 25:14 33
5. Карлсруе 18 9 4 5 21:21 31
6. Шалке 17 7 8 2 26:17 29
7. Хановер 18 8 4 6 28:29 28
8. Ајнтрахт (Ф) 18 6 8 4 22:23 26
9. Штутгарт 17 8 1 8 24:25 25
10. Волфсбург 18 6 5 7 31:30 23
11. Борусија (Д) 18 6 4 8 29:33 22
12. Херта 18 6 2 10 19:27 20
13. Бохум 17 5 4 8 25:27 19
14. Арминија 18 5 3 10 19:39 18
15. Ханза 18 5 2 11 17:28 17
16. Нирнберг 18 4 3 11 21:30 15
17. Котбус 18 3 6 9 19:30 15
18. Дуизбург 18 4 2 12 17:29 14