Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на општината, денеска разговараа за реализацијата на капиталните проекти кои се реализираат со средства од Програмата за рурален развој.

Бабовски истакна дека општината Кавадарци има добиено поддршка за реализација на четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, и сите се од витално значење за тој крај затоа што овозможуваат развој на рурален туризам и раст на локалната економија.

„Преку ваквите инвестиции овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава. Но, не само за рурален развој, и подобрување на живот во руралните средини Владата и Агенцијата, водат сметка воошто за земјоделството. Во таа насока, сакам да ве информирам дека денеска, се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури, предадени во преработувачки капацитети. На сметките на 3.647 земјоделци, исплативме 229.5 милиони денари. Средства кој се свеж капитал во агро – секторот и кој ќе помогнат за зголемување на производството и површините“, истакна Бабовски.

Градоначалникот Јанчев истакна дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на мрежата за атмосферска канализација и водовод во Сопот со што граѓаните добиваат пристојни услови за живот.

„Со овој проект се изврши реконструкција на водоводни линии на ул.Илинденска, ул.Коле Василев, ул.Кочо Рацин и ул.Гоце Делчев и реконструкција на атмосферска канализација на ул.Коле Василев, ул.Маршал Тито и ул.Илинденска во село Сопот. Проектот е со вредност од околу 19 милиони денари. Со овој проект во голема мера се подобрија условите во село Сопот кое е едно од најголемите села во нашата општина и во кое за среќа, младите остануваат тука да егзистираат и да живеат. Ги имаме сите услови за добар живот. Голема благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за соработката и финансирањето на овој проект. Во текот на вчерашниот ден беа асфалтирани и две улици во село Сопот, а во наредните денови ќе се изврши и поплочување на уште неколку улици, а тоа докажува дека Општина Кавадарци во континуитет работи на развојот на руралните средини и подобрувањето на условите“, рече Јанчев.

извор: Makfax