x

Бабиќ: Толку ни требаа натпревари, се радувам на стартот на СЕХА-лига

babic

Е.Пелистер утре ја отвара нова сезона во СЕХА-лигата која по долга пауза конечно се враќа на ракометните терени. Битолскиот состав е домаќин на Металопластика (16 часот), ова е единствениот дуел кој ќе го одигра во оваа календарска година, следниот е закажан дури за почетокот на февруари 2021 година.

„Најбитно е што почнува СЕХА лигата. Толку ни требаа натпревари, посебно за нашите млади ракометари. Ни требаат да имаме натпреварувачки ритам за Европската лига. Сакав да игравме порано, да одигравме повеќе натпревари, но лично се радувам на стартот и очекувам добар натпревар и победа.

Сакам да споменам дека ни доаѓа поранешниот селектор Вуковиќ, сега тренер на Металопластика. Од него учев, заради него и неговата генерација го засакав ракометот. Големо задоволство ми е што ќе го видам и ќе го поздравам. Металопластика има одличен контра напад, две брзи крила, агресивна одбрана 3-2-1 која се трансформира во 6-0. Имаат дефанзивен интензитет и транзиција. Се работи за потентен тим кој сигурно бара одличен пристап и ментален и физички ангажман при секој удар. Имавме одличен настап против Тримо Требње. Играчите се фокусирани и ангажирани и верувам дека и покрај квалитетите на екипата од Шабац, ќе ја повториме партијата од пред две недели“, изјави Бабиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата