x

А Бола: Михајловиќ го доби спорот и наплати од Спортинг Лисабон

Португалскиот медиум А Бола денеска информира дека Синиша Михајловиќ веќе го добил спорот против Спортинг Лисабон на судот за спортска арбитража и дека веќе наплатил три милиони евра од Португалците.

Јавноста пред две години остана шокирана кога СПортинг го ангажираше Србинот, за да потоа го смени од тренерското место во рок од неколку дена без да одржи ниту еден тренинг.

Михајловиќ беше избор на тогашниот претседател Бруно Де Карваљо кој во меќувреме беше сменет, а на негово место дојде Соуза Синтра. Нормално, нов претседател нова „шема“ па Михајловиќ извиси.

Сепак, Михајловиќ навреден, пред се од односот на клубот, и нормално поради нарушување на неговиот углед го тужеше Спортинг и нормално доби.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата