x

“А Бола“: Динамо во нова офанзива по Стефан Ристовски!

stefan-evropa

Динамо Москва, еден од најголемите руски клубови се чини запнал по секоја цена да го ангажира македонскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски. Како што пишува во своето вчерашно издание најпознатиот спортски весник во Португалија, клубот од Москва се чини дека е во нова офанзива по потписот на Македонецот. Познато е дека Ристовски требаше во летниот преоден рок да го напушти топлиот Лисабон и да замине во студената Москва, но тој тоа го одби со цел да остане во Спортинг. Потоа дојдоа проблемите со тренерот на „лавовите“ па сега нашиот десен бек не е веќе во првиот тим, туку во вториот.

Останува да се види како сега ќе реагира Ристовски, кој е во изолација поради Ковид-19, на најновиот интерес на Динамо Москва.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата