Нанесувајќи им силен удар на туристите, повеќето обележја во Париз се затворени поради масовните протести против законот за реформи во пензискиот систем.

„Поради национален штрајк, јас сум затворена денес. Пристапот до моето шеталиште останува отворен и бесплатен“, беше објавено на Твитер профилот на Ајфеловата кула денеска.

И Версај и Лувр, исто така, предупредија за евентуални проблеми во работата, пренесува РТ.

Досега, целосно е затворена само Ајфеловата кула, а комплексот Версај и музејот Лувр ги предупредуваат посетителите дека може да се случат затворања. Ова е трет пат Ајфеловата кула да биде е затворена од почетокот на штрајковите на почетокот на декември минатата година.

Затворањето доаѓа во екот на протестите на национално ниво, кои се интензивираа денеска кога се очекува Министерскиот совет на Франција да донесе одлука за судбината на законот за пензиските реформи.

извор: Makfax