x

Ашковски: „Шкендија е фаворит против Ботошани“

askovski-botosani-e1598897305626

Шкендија за противник во следното квалификациско коло во Лига Европа за противник го има романскиот Ботошани каде што играат двајца македонски фудбалери Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

Според Ашковски Шкендија е фаворит во дуелот со Романците пред се поради поголемото искуство во Европа. За Ботошани ова ќе биде само шести дуел во Европа. Оваа сезона во првото коло го елиминираа Ордабаси од Казахстан со 2:1. Претходно играше во сезоната 2015/16.

„Шкендија е одлична екипа и ќе им ја препуштам фаворитската улога. Тие се многу поискусни од нас поради тоа што играат во Европа долги години и знам за нивните резултати и успеси. Го следам и македонското првенство и знам како играат“, изјави Ашковски за СПОРТМЕДИА.

Натпреварот помеѓу Ботошани и Шкендија ќе се одигра на 17 септември во Романија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата