x

Ацковски по супер дербито: Брегалница заслужи победа, жалиме за пропуштените шанси!

ackovski-5

Брегалница вчера на свој терен во Штип, одигра 1:1 против Тиквеш. Желбите беа победа и три нови бода со што „сините“ ќе имаа дури осум бодови разлика во однос на најголемиот конкурент за првото место на Истокот. Овака, остана разликата од пет бодови, што воопшто не е лошо, напротив. За тоа како го виде супер дербито, свој коментар има Кристијан Ацковски, младиот репрезентативец на Македонија и еден од најдобрите фудбалери на штипскиот клуб.

Мислам дека одигравме квалитетен дерби натпревар на кој заслуживме да дојдеме до победата. И покрај тоа што сме лидери на табелата, цврсто отворено се впуштивме во пресметката со Тиквеш. Имавме многу повеќе шанси од противникот, посебно и во второто полувреме кога создадовме четири-пет можности но за жал затаи реализацијата. Во секој случај продолжуваме максимално фокусирано на секој натпревар до крајот на полусезоната“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата