Српскиот пејач Аца Лукас преку социјалните медиуми соопшти дека ги откажува концертите, поради како што пишува „ограничувањата поради вирусот, и како здравјето на публиката е приоритет“.

Најпрвин беше откажан концертот во Србија поради ситуацијата со коронавирусот, кој на 10 јули требаше да се одржи во Бања Лука заедно со Ана Николиќ, а сега е откажан и настапот во Охрид кој требаше да се одржи на први август, во очи на најголемиот македонски празник Илинден.

На страницата на пејачот, во блиска иднина не се закажани други настапи. Дури во месец октомври има најава за гостување во Минхен, Германија, заедно со Драгана Мирковиќ и Дарко Лазиќ.

Аца вели дека концертите не ги закажува лично тој туку неговиот менаџмент, но биле побарани гаранции дека концертот ќе биде одобрен и регулиран од сите овластени институции но досега добил само усмени гаранции

– Со извинување пред се до целата македонска јавност, а посебно македонските музичари и сите уметници во Македонија кои се принудени да седат дома и да не работат, и со морална обврска никако не сакам да утре некој каже дека се заразил на мој концерт. И со извинување на сите кои се радуваа на мој концерт, ве известувам дека концертот на Александар Вуксановиќ, Аца Лукас нема да се одржи на први август оваа година во Охрид, напиша пејачот