Продолжуваат консултациите и работата на пониско ниво на генерални секретари, од СДСМ – Љупчо Николовски и од ДУИ Артан Груби за време викендот, информираат од двете партии за владините преговори. 

„Се работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада, како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. Доколку има какви било новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста”, велат преговарачките тимови.

Нема детали за точната агенда на Николовски и Груби. Неофицијално, проценките се дека конечен договор со поделба на ресори и кадри треба да се очекува наредната недела.

Преговорите на ниво на претседатели на партии, помеѓу Али Ахмети и Зоран Заев се очекуваат откако сите претходни детали ќе се усогласат на пониско ниво. Но, за тоа има се помалку време бидејќи според нашите информации Али Ахмети на 22 Август патува во Хаг каде оди на барање на тамошниот суд за злостроствата на ОВК, а мандатот на Заев за нова влада трае до првите денови на септември.