115 годишнината од 2 августовското востание во Крушево се наоѓа поблиску од било кога до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир и еднаквост.

Македонци, Албанци, Власи и други се обединија во борбата за правата кои што им беа ускратени. Со визија за иднината и еднаквоста како почетна мисла, тие ги поставија темелите на нашето денешно општество.

И денес како и пред 115 години, заедно ја градиме државата во преродбеничкиот дух кој што ја определи нашата припадност кон Запад.

Посебните денови како денешниот да ни послужат како мотив да се соединиме во последните чекори на нашиот долг пат и да го реализираме вековниот сон на нашите граѓани.

извор: Makfax