Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети пред скопјани синоќа изрази увреување дека на 15 јули ќе победат.

„Пред нас и пред Вас е кандидатот за премиер на Република Северна Македонија и ова идеја не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги Македонци толку панично се однесуваат и зошто не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицковски од ВМРО не е кандидат но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер“, истакна Ахмети.

Барањето на Претседателот на ДУИ, Ахмети до симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери, беше на 15 јули да го дадат мечот, за потоа да видат како ќе ги постави крилјата.

„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците,никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно Ве повикувам да излезете и да ми ги дадете мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења и успешно да се соочувам во секој фронт“, заврши на крај Ахмети.

извор: Makfax