Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) препорачува граѓаните да избегнуваат користење на автомати за кафе и апарати за вода, поставени на јавни места.

„Препораката се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе“, објаснуваат од АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека исклучувањето од употреба на апаратите за кафе и за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице.

 

извор: Makfax