Вкупен број на потврдени случаи од корона вирус во Африка надмина 800.000, објавил Африканскиот центар за контрола и превенција на болеста.

Повеќе од половина од вкупниот број на пријавени случаи на тој континент со 54 земји е само во една од нив, тоа е Јужна Африка.

Инфекцијата сега брзо се шири и во другите земји, вклучувајќи ја Кенија, економско средиште во Африка, со повеќе од 16.000 случаи.

Африка била загрижувачки случај и пред да е пријавен првиот случај на тој континент 14 февруари, бидејќи во јануари СЗО во декларација за глобална здравствена вонредна состојба, навела дека опасност е за Африка бидејќи нејзиниот здравствен систем е недоволен.

Африка е најмалку опремена во светот, со што здравствените стручњаците предупредуваат дека вирусот би можел многу долго да остане неуништен во делови на тој континент.