Њујоршкиот окружен суд во САД го одби барањето на тужените во аферата Маѓар Телеком да биде иземено сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски, поради потврдување на приложените докази во истото, објави порталот Локално. 

На тужените Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андреас Балог ќе им биде пресудено врз основа на исказот на сведокот Богоевски во кој се содржани 240 докази.

Во заклучокот потпишан од судијата Ричард Џ. Саливан се наведува:

„Од горенаведените причини, СО ОВА СЕ НАРЕДУВА ДЕКА барањето на тужените целосно да се избрише сведочењето на Богоевски се ОДБИВА. Сепак, во случај страните да не се во можност да добијат одговори од Богоевски на прашањата што тој претходно не успеа да ги одговори, тужените можат да побараат налог за негативен заклучок во врска со тие прашања. Од аспект на фактот дека фазата на разоткривање е завршена, во врска со овој случај, ПОНАТАМУ СЕ НАРЕДУВА ДЕКА ако некоја од страните поднесе барање за пресуда без образложение, таа страна ќе го достави писмото за барање пред судење не подоцна од 21 август, 2015 година, во согласност со индвидуалните практики на судот. ИСТО ТАКА СЕ НАРЕДУВА дека секакви одговори на писмото со барање пред судење ќе биде доставено до 28 август 2015 година.
КАКО ШТО Е НАРЕДЕНО.
Датум: 11 август 2015
Њујорк, Њујорк Ричард Џ. Саливан
Окружен судија на Соединетите Држави”

Во документот  судот го образложува својот став за потврда и веродостојност на сведочењето на Слободан Богоевски во случајот Комисија за хартии од вредност против Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андрас Балог -сите извршни лица во Маѓар Телеком, ПЛЦ, странска компанија јавно продадена преку Американскиот Депозитар наведена во Њујоршката берза која што поднесува извештаи до Комисијата за хартии од вредност. Се наведува дека тие биле активни во измама со подмитување на владини службеници во повеќе земји за да блокираат влез на пазарот на конкурентски телекомуникациски компании.