Ако мислевте дека повикот да се биде свештеник значи само да го сакате Бог и да одржувате миса во цркви, можеби не сте во право. Оскар е жив доказ за тоа, бидејќи освен што го шири зборот божји, тој шири и пизитивни мисли, а сака луѓето да ги натера и да живеат здрав живот. Па често Оскар на својот инстаграм-профил покажува и вежби кои му помагаат да остане во форма. Освен мускулите тој ги покажал и тетоважите.

 

Но откако почнал под фотографиите да добива коментари со сексуална конотација, истите ги блокирал. А одвреме-навреме и го деактивира профилот.

Оскар често вели дека религијата сè уште е неговиот главен фокус во животот, но дека тој сака да промовира и здрав начин на живот.