На 25.07.2020 околу 19 часот на патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила“, патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(58) од Прилеп, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(57) од Прилеп, констатирани во Градската болница –
Прилеп, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Прилеп.