Граѓанин од источна Македонија чиј што идентитет е познат на авторот на овој текст во телефонски разговор изнесува свое сведоштво за тоа на кој начин бил уценет со поткуп и измамен од страна на познат истакнат активист на СДСМ за да гласа за оваа партија на Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули, пишува Брегалнички.мк

Според изворот на информации со кого Брегалнички.мк оствариле неколку телефонски контакти, покрај тоа што требало тој и неговото семејство да гласаат за СДСМ, требало да обезбеди дополнителен број гласови (колку што може повеќе), за од страна на активистот од СДСМ му се обезбеди влијание и помош за синот на нашиот соговорник за да положи “градска вожња” за автошкола.

Притоа комуникацијата за ваквата “зделка” со гласови кои требало да легнат на контото на СДСМ, одела преку зетот и ќерката на уценетиот човек, кои што се наоѓаат во Италија. Возачката дозвола била потребна на синот на уценетиот соговорник чиј што глас се слуша на оваа снимка, за да синот замине на работа во странство како возач.

Притоа уценетиот граѓанин соопштува дека бил задолжен од страна на активистот на СДСМ да го слика гласачкото ливче како доказ дека гласал за оваа партија.

Според кажувањето на уценетиот гласач, откако неговиот син паднал на практичниот дел од полагањето на градско возење со автошколата што се случили на 21 овој месец, уценетиот човек решил да проговори во јавност и да ја раскаже својата приказна на кој начин бил измамен тој, неговото семејство и уште 10-тина други граѓани кои ги обезбедил за да гласаат за СДСМ.

Во продолжение со одобрение на изворот на информациите а заради повисок јавен интерес го пренесуваме аудио сведоштвото на овој измамен граѓанин, кој заради егзистенцијални причини на својот син пристапил кон вакви постапки, за на крај да биде измамен од страна на активистот на СДСМ.

Извор: Брегалнички.мк