x

Атлетико не застанува: Два гола на Суарез и победа на Елче (видео)

suarez

Атлетико Мадрид се зациментира на чело на табелата во шпанската Ла Лига со победата над Елче со 3:1. „Јорганџиите“ го одиграа 12-тиот меч и ја запишаа деветтата победа и собраа 29 бодови, а позади нив се Сосиедад и Реал Мадрид со по 26 бода но имаат 14 односно 13 натпревари.

Денеска момците на Диего Симеоне не дозволија кикс. Ако во претходното коло го запишаа првиот пораз (од Реал Мадрид), бргу се вратија во ритам и го победија Елче. Два гола за мадриѓаните постигна Луис Суарез, а конечните 3:1 ги постави Диего Коста од пенал.

Во 64 минута Боје даде гол за намалување на резултатот на 2:1 во тие моменти.

Суарез го одигра 200. натпревар во Ла Лига односно само деветти за Атлетико.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата