x

Атлетико му понуди нов договор на Парти со клаузула од 100 милиони евра

Атлетико Мадрид му понуди нов договор на играчот од средниот ред Томас Парти. Според пишувањето на Гардијан, Парти добил понуда за нов договор до 2025 година, со што ќе се стави крај на сагата околу неговата можна преселба во Премиер лигата во екипата на Арсенал.

Тековниот договор на играчот од средниот ред е до 2023 година, но ова продолжување би ја удвоило неговата плата, а исто така ќе ја удвои и неговата клаузула за ослободување на 100 милиони евра.

Неодамнешниот извештај на  „АС“ посочуваше дека Арсенал се подготвува да ја активира неговата клаузула од 50 милиони евра. Токму затоа, Атлетико тргнува во поход кон нов договор за него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата