x

Атлетико Мадрид го прекина тренингот откако доби позитивен резултат на Ковид-19

himenez

Атлетико Мадрид нема среќа со коронавирусот. Клубот од Мадрид денеска го прекина тренинг, откако ги доби резултатите од тестирањето, кое покажа дека Хозе Хименез е позитивен на Ковид-19.

Вчера Хименез им соопштил на клубот дека има некои лесни симптоми слични со Ковид-19. Се тестирал, и тестот покажал дека е позитивен.

Тој не тренираше денеска, но согласно протоколите, веднаш целиот тим е подложен на тестирање. Хименез е во замоизолација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата