x

Атанасов и неговите соиграчи во Хајдук ги чува полиција за да тренираат!

hajduk

Лошиот старт на сезоната на Хајдук од Сплит во домашното првенство го активираше алармот во клубот. Играчите и клупското раководство се во страв од напади од сопствените навивачи, па во текот на вчерашниот ден ангажирале и полициско обезбедување за време на тренингот.

Причина за тоа се зголемените тензии откако клубо освои само 10 бода во седум кола во домашното првенство.

Вчера се одржала и средба меѓу челниците на клубот и фудбалерите непосредно пред тренингот, заради што истиот доцнел скоро час и половина. По двата последователни порази од Горица и Шибеник, играчите беа на „тапет“, и им било кажано дека треба да го подобрат пристапот кон обврските. Засега нема инциденти, но не е исклучено работите да ескалираат при следен неуспех.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата