x

Аталанта освои бод на „Сан Сиро“ кој се уште им дава надеж за титула (ВИДЕО)

milan-atalanta

Еден бод освоија фудбалерите на Аталанта на гостувањето кај Милан кој можеби не е доволен, но се уште ги остава во игра за шампионската титула. Во првиот меч од 36. коло, Милан и Аталанта одиграа 1:1, со што домашните ја продолжија серијата без пораз, а гостите и натаму „му дишат во врат“ на лидерот и шампион, Јувентус.

Милан успеа да дојде до водство со голот на Чалханоглу во 14. минута и се обидуваше да ја зголеми предноста во продолжението на првиот дел.

Сепак, Аталанта во 26. минута доби шанса да израмни од пенал, но Малиновски не успеа да го совлада Донарума.

Само осум минути потоа, госите од Бергамо со голот на Дуван Запата, сепак успеаја да дојдат до 1:1.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата