-Ги комплетираме овие улици, додека за преостанатите две улици од ова населено место , се завршува потребната документација, и веднаш потоа ќе започне и асфалтирање на истите. Освен нов асфалт , предвидени се и нови тротоари, рабници како и атмосферска канализација, со што населбата Криви Дол ќе биде заокружена урбана целина, во која на граѓаните ќе им бидат решени сите инфраструктурни проблеми, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.

Инвестицијата на асфалтираните улици чини околу 2.5 милиони денари, додека преостанатите две улици се очекува до крајот на месец мај да бидат целосно асфалтирани, со поставена нова атмосферска канализација.