x

Астон Вила со победа над Арсенал излезе од опасната зона (видео)

aston-vila-1

Астон Вила впиша драгоцени три бода во борбата за опстанок во англиската Премиер лига. Благодарение на победат над Арсенал со 1:0, а и поразот на Вотфорд од Сити (0:4), сега тимот на Бирмингем е над црвената линија.

Голот за победа над „топчиите“ го постигна Трезеге во 27 минута од мечот. Со тоа четата на Дин Смит се фати за сламката на спасот, а во последното коло ќе брка победа над Вест Хем за и математички да го осигура опстанокот. Тие можат и без победа да останат во елитата, само ако Вотфорд изгуби од Арсенал во следното, последно коло.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата