x

Астон Вила на пат да го собори клупскиот трансфер рекорд

watkins

Астон Вила е близу до реализација на рекорден трансфер во својата клупска историја. Составот од Бирмингем се договорил за напаѓачот на Брентфорд, Оли Воткинс, за кого првично ќе плати 28 милиони фунти. Со бонуси, износот на трансферот може да се зголеми на 33 милиони.

Вила тргна по 24-годишниот Воткинс, откако не успеа да го привлече Калум Вилсон од Бурнмаут. Вилсон вчера потпиша за Њукасл.

Воткинс беше клучен играч за Брентфорд минатата сезона постигнувајќи 26 погодоци за „пчелите“, кои на крајот ја пропуштија шансата да влезат во Премиер лигата откако го загубија во плеј-офот оф Фулам.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата