Оваа година на спортската манифестација за прогласување на најдобрите спортисти во Македонија, во организација на АСОВИТЕ БИРААТ АСОВИ и МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ Таеквондо Клуб Бутел и Македонското Олимписко Таеквондо добија две големи признанија.

-Најдобар тренер во Македонија за 2019 година е Д-р Борче Костовски.

-Најдобар млад спортист во Македонија за 2019 е Фили Додевски кој има освоено златен медал на европско сениорско клубско првенство 2019 Грција, како и бронзен медал на европско првенство до 21 година 2019 Шведска.