Македонија ќе добие автоматски рампи на патарините. Како што објави 24 Вести, јавното претпријатие за државни патишта склучило договор со фирмата “Асеко си” д.о.о.е.л. – Скопје во вредност од 110.000 евра за набавка на автоматски стоп рампи. Станува збор за втор обид за модернизација на патарините со нови рампи, а првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата-носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца. Дополнително, јавното претпријатие за околу 70.000 евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги.

Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави систем за набљудување преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.