Основачот на Викиликс Џулијан Асанж открил дека добил две деца со адвокатака од тимот негови бранители, додека бил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Австралијанецотецот на кого САД сакаат да му судат поради шпионажа, татко е на две машки деца од две односно една година кои ги има со 37 годишната Стела Морис, негов адвокат по потекло од Јужна Африка.

Британскиот дневник Mejl on Sandej на својата веб сајт денес објавил слика на Асанж и неговите синови како и разговор со Стела Морис која зборува дека се вљубила во Асанж пред пет години и дека планираат да се венчаат.

Таа се одлучила да открие за своите деца Габриел и Макс затоа што стравува за животот на Асанж ако остане во затворот во Лондон каде што и сега се наоѓа, поради пандемија од корона вирус.

Британскиот суд одбил кон карајот на март условно да го ослободи 48. годишниот Асанж кој стравува од корона вирусот. Судот проценил дека постојат сериозни причини и верување дека тој нема да се појавува на следните рочишта.

Преку Твитер Викиликс пренесол дека партнерката на Асанж, мајка на две мали деца, ја моли британската влада да го ослободи него, како и други чуствителни болни во време на коронавирусот кој хара во затворите.

Асанж и неговата правна застапничка ја започнале врската во 2015 година. Асанж присуствувал на раѓањето на своите деца во Лондон преку видео линк, а постариот син Габриел го видел во амбасдадата каде што му е доведен. Децата се британски државјани и го посетиле таткото.

Бртитанскиот суд одложил до 18 мај расправа околу барање за испорачување на Асанж во САД, каде што против него подигната е обвинение поради тоа што во 2010 година открил 700.000 тајни документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан.