x

Артета оди во минус: 13 победи и исто толку порази откако е на клупата на Арсенал

mikel-arteta

Арсенал вечерва повторно ги разочара своите фанови. Загуби со 2:1 од Евертон во 14. коло од Премиер лигата и сериозно ја продлабочи кризата во редовите на „топчиите“.

За менаџерот Микел Артета ова беше 13. пораз во Премиер лигата како менаџер на „топчиите“. Со тоа тој го израмни бројот на победи (13) кои досега ги има на чело на лондончани. Во неговата ера, Арсенал ремизираше 8 пати.

Шпанецот минатата недела доби безусловна поддршка од управата, но по последните два неуспеси оваа недела, прашање е каков ќе биде ставот на Бордот на „Емирати“ веќе в понеделник. Артета е на чело на лондонскиот клуб од декември 2019 година, а Арсенал под негово водство минатата сезона ја заврши на 8. место, освојувајќи ги ФА купот и Суперкупот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата