x

Артета објасни зошто Обамејанг ја одбил Барселона

obamejang-i-arteta

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е пресреќн што Пјер-Емерик Обамејанг ја продолжи соработката со лондонскиот тим.

Тој беше близу до Барселона, но на крајот одлучи да остане дел од проектот на Арсенал.

„Останува бидејќи имаме неверојатен состав, фантастични луѓе и љубов од страна на навивачите“, рече Артета кој објасни зошто не заминал во Барса:

„Зошто не отиде во Барселона? Едноствано е – нешиот тим е голем како Барселона. Мораме да бидеме сигурни дека нашите играчи веруваат во овој проект. Тој знае дека тука има се што му е потребно, затоа и остана“.

Обамејанг потпиша договор до лето 2023 година, заедно со Озил, па неделно ќе заработува 385.000 фунти што го прави најплатен играч во северниот дел на Лондон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата