x

Артета го одбра првото зимско засилување за Арсенал

Новиот менаџер на лондонски Арсенал, Микаел Артета, ќе се обиде како прво зимско засилување во тимот да го ангажира напѓачот на француски Лион, Муса Дембеле. Според весникот „Мирор“, Дембеле е главна трансфер цел на Артета за оваа зима, во обид да го врати Арсенал во трка за ТОП 4 на табелата во Премиер лигата.

Артета кој пред неполна недела седна на кормилото на тимот, веќе прави стратегија за новиот изглед на клубот. Се споменува и можноста за продажба на дел од сегашните фудбалери, особено Александре Лаказет, кој веќе има неколку понуди за напуштање на Лондон.

Управата на Арсенал нема да штеди пари за нови засилувања, па вчера се пишуваше дека „топчиите“ се подготвуваат да тргнат во атак и на потписот на исклучително скапиот дефанзивец на Наполи, Кулибали.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата