Немата послушност на Нина Ангеловска и СДСМ кон олигархијата од стопанските комори ќе ги чини многу пари граѓаните. Ние сме единствена држава каде што Владата во моменти на немоќ и очај бидејќи немаат пари, да не речам ги ограбија од граѓаните и државава изминативе 3 години, сега уште еднаш посегнува по и така осиромашениот народ за да проба да пополни нешто малку во1 државниот буџет. Да не речам, да пополни за повторно да имаат да си делат тендери меѓу себе од власта.

Ова го истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во своето видео обраќање.

Неговата анализа ја пренесуваме во продолжение:

Кризата со пандемијата од Ковид-19 многу брзо се прелеа во економска криза од која сакаат да профитираат олигарсите на СДСМ и нивното раководство, нормално на грбот на граѓаните.

Со првиот бран на поскапување на акциза од 3 денари што го воведе изминативе години СДСМ граѓаните прилично осиромашија, животниот стандард, транспортот и цените поскапеа, само функционерите на СДСМ се богатеа. Сега би сакал една кратка анализа што ќе се случи повторно со цените и поскапувањето и тоа директно ќе се одрази на животот на граѓаните. Претпоставките кои ќе станат реалност кога ќе се покачи акцизата за 2 денари, велат дека конкретно во патниот транспорт, прашање на време е колку брзо ќе се покачат цените на билетите за меѓуградскиот превоз, но и на такси компаниите.

Ако еден повратен билет Скопје-Берово чини сега 730 денари, постои можност да се покачи над 800 денари. Во просек нека биде 70 денари поскапувањето. Ако едно семејство од Берово има 2ца студенти во Скопје, кои треба да се вратат секој викенд во Берово, имајте на ум дека едно семејство покачувањето на акцизата ќе го чини 600 денари повеќе секој месец со поскапување на акцизата. Дополнително со претходното покачување акциза од 3 денари цената на билетот скокна и тоа значење околу 1000 денари повеќе трошок за секое семејство, сега веќе се 1600 денари месечно или над 19.000 денари годишно едно семејство плаќа за поскапувањето на акцизите.