Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски се луѓето кои го излажаа и изманипулираа целиот македонски народ.

„Домат“дипломатијата и „Кај си љубави те поздрави Зоки” дипломатијата не може да не однесат како држава во ЕУ. Пазарџиското однесување на Заев, каде што ветува, а не исполнува не е и не може да биде начинот и патот на станување земја членка на Република Македонија во ЕУ.

Заев, Пендаровски и Димитров неколку дена молчат и не кажуваат што тоа договориле во Берлин, односно што прифатиле во Берлин на штета на македонскиот народ?

Сите политички субјекти и најважно граѓаните, за преговорите со источниот сосед дознаваат од бугарските медиуми и бугарските политичари кои што гордо можат да се пофалат со се она кои што им го ветил Зоран Заев.

Заев и останатите од СДСМ и од Владата ги потценуваат граѓаните мислејќи дека нема да се дознае што ветуваат, и што договараат и нормално што прифаќаат.

Она што може да се сретне и чуе низ бугарските медиуми и политички чинители е дека постоеле три услови, а тоа се јазикот, името на државата и добрососедските односи, односно ова се услови кои директно удираат врз идентитетот, државноста и постоењето.

Никој не ги споменува историјата и хероите, и тука сакаме да прашаме дали тоа значи дека Заев, Пендаровски и Димитров и останатите прифатиле се што источниот сосед побарал во однос на историјата и историските личности, односно македонски херои?

Дали ова значи дека Заев се откажал и од Гоце и од сите останати историски ликови и случувања во минатото, врз кои што почива македонската држава и македонскиот идентитет?

Веднаш мора да кажат Заев, Пендаровски, Димитров и Османи што прифатиле на преговорите во Берлин и зошто го кријат тоа што го прифатиле односно го ветиле од македонската јавност?

Јасно е, изборот е едноставен, Заев премиер, асимилација и интеграција или дезинтеграција и негација, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.