Трет ден како молчат институциите за случајот со преплатените грејдери во Армијата на Република Македонија. Пред 2 дена имавме и потврда од министерството за одбрана и од Радмила Шекеринска дека навистина се преплатени двата грејдера по многу повисока цена и повторно покрај таа потврда институциите молчат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Грејдерите кои во Србија се продаваат за 108.000 евра по парче тука во Македонија се купуваат за над 230.000 евра по парче, вели Арсовски.

-Дали ова не е очигледен криминал? Каде и во чии џебови завршија над 250.000 евра разлика од двата грејдери, пари на граѓаните кои Радмила Шекеринска преку министерството за одбрана ги преплатила истите машини? Дали овој бонбона бизнис на Радмила Шекеринска мислела дека нема да се дознае во јавноста и по медиумите? Дали овој бонбона бизнис е согласно НАТО стандардите кои што ги пропагира СДСМ?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски.

Владата на СДСМ мора да одговара за целокупниот сторен криминал.

Додека војската во Армијата на Република Македонија нема основни услови за работа и функционирање, Шекеринска над 250.000 евра ги плаќа повеќе грејдерите и никој не знае каде завршуваат истите пари, додаде Арсовски.

Одговорност мора да има и ќе има по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април. Обнова на Македонија мора да има. И не смее повеќе да се случуваат вакви тендери каде што се преплаќаат за 150% повеќе сумите од она што чинат истите грејдери, порача од денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.